Денешниот 14 јуни, пред еден месец од страна на Зоран Заев беше спомнуван како ден во кој може да се одржат предвремените парламентарни избори.

Доколку продолжи да се намалува бројот на заразени, во ситуација кога пикот е поминат, кога интензитетот се намалува, предвремените парламентарни избори да се одржат на средината на следниот месец, поточно на 14 јуни. Нема причина да не се одржат. Наесен не очекува нов бран, не би било добро да се загрозува здравјето на граѓаните – порача лидерот на владеачката партија од пред партиското седиште на „Бихаќка“ на 10 мај.

Сепак, гледано од денешна перспектива, прогнозите и желбите на Заев  изгледаат морбидно.

Така бројот на заразени и мртви секој ден ја шокира јавноста, а вчерашната бројка од близу 200 новозаболени и осум починати, е вознемирувачка. Последните бројки на заболени го доближи бројот на заболени до 4000, додека властите уверуваат дека имаме капацитет да се справиме и со овој актуелeн бран на корона вирусот.

Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2.

На ваков ден, според логиката на Заев требаше да се одржат избори. Стотици илјади граѓани денес, како што планираше Заев, требаше да излезат на избирачките места за да гласаат. Со тоа, секој од нив ќе си го ставеше својот живот во ризик.

И новиот датум на Заев, кој е за три недели од денес, 5-ти јули, не е помалку застрашувачка идеја од оваа за денешниот датум.

Бројот на жртви и новозаразени е алармантен. Народот преплашен за своето здравје, а Заев преплашен дека секој изминат ден има се помала поддршка. Само уште избори треба и да стигнеме до четирицифрена бројка на заболени на дневно ниво. Токму затоа Заев сака брзи корона избори, избори кои се директна закана за секој граѓанин поединечно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.