Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Гостивар зборуваше за неправдите кои премиерот Зоран Заев и владејачката СДСМ и ги нанесоа на Македонија. Вели граѓаните се разочарани од многуте неисполнети ветувања, од неправдите… Побара шанса од граѓаните да покажат дека се различни, дека не се политичари кои во смокинг одат на балови во светски метрополи и се возат во бентли туку се политичари кои со изморени лица и проекти под мишка заедно со граѓаните ќе ја носат Македонија напред.

Денеска еталон, шаблон врз основа на кој се мери искажаната лага и изгорената невистина е Зоран Заев. Зоран Заев многу невистини кажа во изминатиот период, а тие невистинирезултраат со многу разочарувања кај нашите сограѓани. Но ние можеме да застанеме пред вас да ве замолиме да не поддржите затоа што ќе дојдат нови луѓе, нови политичари коишто поинку ќе се однесуваат со нивните соседи, со нивните граѓани. Нема да гледате повеќе политичари кои се одморени, во фракови и одела коишто газат дебели црвени килими и шетаат по балови во европските метрополи. Ќе гледате политичари со изморени лица, ненаспани со проекти под мишка и заедно со вас, со народот, ќе развиваме проекти. Ќе зборуваме за развојна стратегија, ќе зборуваме како Македонија да оди напред. Нема да фледате повеќе политичари кои се возат во бентли, мајбах, мерцедес и в го говорат она што сакате да го слушнете. Ќе гледате искрени политичари кои ќе ви го кажат она што можат да го остварат. Ќе гледате политилари коишто се со вас, и заедно со вас ќе ја градат таа иднина. Можам да се заветам, доколку ја добиеме таа шанса,ќе покажеме дека сме различни. Да покажеме дека сета оваа неправда што е секојдневие во Република Македонија, повеќе нема да биде секојдневие. Со неправда дојдоа, но ние мора таа неправда да ја замениме со правда. Се сеќавате на оние ветувања , на оние говори коишто Зоран Заев и луѓето околу него ги кажуваа на плоштадите, на улиците во Република Македонија. Се сеќавате кога во оние војаерски прес-конференции говореше дека Никола Младенов не починал во сообраќајна незгода, туку тоа некој му го сместил, за години потоа да видиме како сопругата на тој реномиран новинар ја изговори вистината и кажа дека тој го изгубил својот живот само затоа што имал неприлагодена брзина на условите на патот. Кој лажеше овде, а кој ја говореше вистината?! И до ден-денеска го нема овој премиер Зоран Заев да излезе да ги погледне граѓаните во очи и да им каже извинете, не ја говорев вистината. Дојде таму каде што е, коцкајќи се со човечки судбини. Се сеќавате претпоставувам и на малиот Мартин Нешковски, се сеќавате на тие млади човечки животи кои што неславно, несреќно згаснаа кај Смилковско Езеро, а Заев не убедуваше дека имал докази за поинаква вистина од таа што беше кажана. А денеска?! Денеска гледаме дека ниту знаеме што мислел Зорљн Заев, ниту пак вистинските сторители на тој немил настан ја отслужуваат својата казна. Но затоа паљк, имаме патриоти, кои поради тоа што си ја сакале државата добија затворска казна од 2 века. Неправда е кога ќе ги редат таму чевлите пред влада, како опозиција, симболизирајќи дека е тоа големо исселување и дека тие луѓе ја напуштиле Република Македонија затоа што не се задоволни од политиките на тогашната власт, а денеска да гледаме дека ниту еден човек не дојде по својот пар чевли, туку напротив, граѓани трајно ја напуштија Македонија поради тоа што се разочарани од ониеветувања кои што Зоран Заев и врхушката на СДСМ ги даваа. Неправда е да им ветите на докторите 100 000 денари плата, реновирани клиники, реновирани болници, а денеска гледаме како докторите трајно заминуваат од Македонија и ги полнат клиниките во Европа, Америка и Австралија. Неправда е кога на младите ќе им ветите стабилно современо образование, реновирани студентски домови, а има субстандардни услови… Неправда е што привилигирани се само роднините до седмо олено на Мира Дизел. ЗОпто? Само затоа што му била слуга на Зора Заев. Неправда е кога ќе ветите 600 километри автопат, а и тие речиси готови што сте ги наследиле не можете две години да ги помрднете. Неправда е кога на пензионерите ќе им ветите поголеми пензии, а на 1 април добија пензии од 400 до 700 денари помали од тие што требало. Неправда е сето ова што и се случува на Македонија. Неправда е кога ќе се колнете во жицата, во децата,во дедовината и татковината, дека се ќе сторите вашата држава да не крвари, а првиот миг кога ќе имате таква можност ќе продадете се што вие не сте создале туку сте наследиле. Некој друг животи губел за ова парче земја во кое што ние денеска живееме – рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.