За денеска во 11 часот закажана е седницата на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Груевски повеќе од 6 месеци е отсутен и не ги извршува собраниските обврски.

За одземање на мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство, односно за треба да гласаат 80 пратеници.

Груевски веќе половина година е во Будимпешта, каде доби азил поради политички прогон во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.