За денеска во Собранието е закажана надзорна расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето во на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“.

Расправата ќе почне во 13 часот, а за во 15 часот пред зградата на Собранието е закажан и протест на здружението Оштетени штедачи.

На расправата поканети се гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска, сопственикот на банката Трифун Костовски, Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за финансии Фатмир Бесими, банкари и пратеници од повеќе политички партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.