Денеска се гласа за градоначлници во Штип и Пласница. Во текот на вчерашниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни или во куќен притвор и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација, соопшти вечерва Државната изборна комисија.
– Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас, се наведува во соопштението на ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.