Со почеток во 12 часот, во Кабинетот на претседателот во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација предизвикана од пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.