Денеска во земјава треба да пристигнат десет илјади вакцини „Астра Зенека“, што се донација од Хрватска, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“.
Како што информираат од министерството за здравство, на пунктовите се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади се целосно имунизирани односно примиле две дози.
Во претходното деноноќие беа регистрирани пет новозаразени со корона вирусот од 2531 тестирање, 86 оздравени и еден починат – 76-годишен пациент од Виница.
Скопје има најмногу активни случаи (60), а двоцифрен број имаат и Тетово (14), Кичево (13), Охрид (11) и Куманово (10). Во 17 градови нема активни случаи на КОВИД-19 во вчерашната статистика.
Од почетокот на епидемијата минатиот февруари, бројот на Ковид-дијагностицирани во земјава досега е 155 689. Оздравени се 150 063, починати 5485, а вкупно има 141 активен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.