Целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. Разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите, изјави вчера Венко Филипче, министерот за здравство на Македонија.
Одлуката за режимот на граничните премини со соседите за македонските граѓани беше најавена за изминатиот викенд, но сѐ уште е неизвесно кога и како ќе може со македонски пасош да се патува во странство – со или без задолжителен тест за ковид-19 и со или без карантин при враќање. Филипче најави дека денеска би требало да реши сѐ во однос на можноста за патување во странство за македонските граѓани.
Анализата покажува дека целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. А денес разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, на пример потпишување документи за следење, што на почетокот на кризата се практикуваше во авион, изјави вчера Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.