Алармантно е во Тетово каде само вчера имаше 80 лица на болничко лекување. Според надлежните во тетовската болница, такви бројки немале ниту во ноември лани, ниту во март/април годинава.
Бројот се зголемува секој ден – 80 хоспитализирани, амбулантски прегледи има над 120, сите тие се со со ковид, што значи дека болницата третира околу 230 позитивни лица. Имаме прогноза дека секој ден ќе биде се полошо. Кадарот што користи одмор се враќа назад и чекаме нови мерки, изјави вчера д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот во Тетово.
Министерството за здравство најави дека се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од Ковид за што ќе се разговара денес.
На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје, соопшти вечра Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.