Бројот на новозаболени од Ковид-19 се намалува, трендот е дефинитивно таков, епидемиолошката крива е во опаѓање. Денеска има и помалку од 100 новодијагностицирани случаи. Сето тоа се чувствува и во болниците насекаде низ државата, каде беа многу полни капацитетите, сега има тренд и тој број испишани пациенти е поголем од примените, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека се намалува притисокот кон болниците во внатрешноста со префрлање пациенти во скопските јавно здравствени институции и системот на координација меѓу клиниките.

Ако имавме најголема бројка од близу 200 приеми на почетокот на април во текот на вчерашното денонокие бројот е 69. Споредено со најголемата вкупна бројка на хоспитализирани – 1789, сега тој број е околу 1400. Значи се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти, додаде Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.