Денеска или најдоцна утре јавно ќе се објават имињата на оние што не сакаат да ги примат решенијата за изолација, изјави денеска од Прилеп министерот за здравство Венко Филипче.
Станува збор за 450 решенија.
Утрово уште еднаш дискутиравме на состанокот на Комисијата за заразни болести како да го решиме овој проблем. Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и не почитуваат самоизолација може болеста да ја шират. Така што, сметам дека овие денови и тоа ќе биде решено – изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.