Денеска е последниот ден до кога училиштата треба да ги достават барањата до Министерството за образование и наука со податоци на бројот на ученици кои наставата сакаат да ја следат со физичко присуство и за учениците над 3-то одделение.
Дел од директорите на некои основни училишта, минатата недела остварија средба со министерката за образование, Мила Царовска, и најавија дека ги исполнуваат сите критериуми за безбедна настава со физичко присуство за сите одделенија, не само за учениците од прво до трето одделение, сепак, од МОН информираат:
Владина комисија ќе одлучува кое училиште ги исполнува условите за започнување на училишната година со физичко присуство, согласно однапред утврдени критериуми и услови во планот и протоколите. Оваа комисија е составена од претставници од MOН, министерството за здравство и канцеларијата на претседателот на владата.
Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека скопските училишта нема да добијат дозвола за настава со физичко присуство за повисоките одделенија.
Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа, изјави министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.