Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека третиот бран на заразата стивнува со оглед на тоа што вчера се регистрирани околу 950 нови случаи, а денеска има нешто околу 890 новозаразени со Ковид-19.
После оној еден мини пик во смисла на голем притисок на почеток на неделата, после тоа бројките се мали. Денеска и вкупниот број на новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации, меѓутоа тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје така и ширум државата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.