Одложувањето на пописот е исилена разумна одлука, затоа што спроведување на операција попис при која многу луѓе ќе имаат контакт само дополнително го зголемува ризикот за новоинфицирани. Ние сме во третиот бран, а пикот се очекува околу 10 -15 април, а не се презема ништо.
Пред една недела имаше и партиски избори кои исто беа опасност за ширење на вирусот, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.
Според него “р“ индексот не расте, но значи ширењето постои и понатаму што може да се види и по број на хоспитализиарни и почнати.
„За жал денес е највисока бројка во третиот бран и тоа е потвдра дека е разумна одлука одложувањето на пописот, ама донесена е под притисок и барања на ВМРО ДПМНЕ“, рече Николов.
Николов укажа дека ова што денес се случи потврдува дека она што медицинската фела го сугерира, а тоа е дека Комисијата за заразни болести носи политички одлуки.
„Нема професионалност во Комисјата за заразни болести, нема професионализам воопшто во Лекарската комора. Сосотојбата во здравството е таква затоа што нема професионализам, нема слобода на мисла на професионалците дадат свое мислење“, кажа Николов.
Ситуацијата, според него кажува дека, мора да следат оставки не само на министерот за здравство Венко Филипче, туку и на првиот човек на Комисјата за заразни болести, Жарко Караџовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.