Бројката од 21 починат пациент во последните 24 часа во Македонија, што ја објави министерството за здарвство, е најновиот и најалармантиниот податок за тоа колку е надвор од контрола епидемијата на корона вирусот во земјава. Таа бројка покажува дека само во изминатото деноноќие починал по еден човек на секои 95.240 жители на Македонија.
Оваа бројка дава дополнително светло на негативните последици од епидемијата доколку се стави во контекст, односно се направи споредба со другите држави. А, таква една споредба, покажува дека денешниот биланс на жртви во Македонија, може да се спореди со билансот на жртви што го имаше Италија кон крајот на март, кога беше центар на ширењето на пандемијата во светот и најпогодена држава во Европа.
Во однос на бројот на жители на Македонија (два милиона) и Италија (60 милиони), македонската бројка од 21 починат е соодветен на 630 починати италијански граѓани. А, во март, кога во Италија имаше околу 630 починати на ден, Италијанците размуислуваа да ги лечат само оние граѓани што имаат послаби симптоми, односно повеќе изгледи да ја надминат болеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.