Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори, денеска продолжуваат со промоција на своите политички понуди. Тие ги бараат гласовите на граѓаните преку средби, преку социјалните мережи и преку традиционалните медиуми.
Караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во скопски Центар и во Кичево, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.
Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери, денеска во Гостивар заедно со кандидатите за пратеници ќе ја презентира иницијатива за еднаква економија во приватниот сектор, а предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Прилеп, Гевгелија и Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.