Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ треба да бидат познати денеска, според најавите на генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски. На брифингот со повеќе медиуми пред две недели, Николовски посочи дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува да финишираат постапките во општинските организации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

Како што информираше Николовски, објавата на првите 20-тина кандидати е предвидена за 13 јули, по одржување на седница на партиското раководство.

Николовски на брифингот посочи дека СДСМ очекува тесна соработка со коалициските партнери.

Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори. На кој начин, во кој обем, во кои населени места, во кој круг и слично ќе зависи од договорот. Коалицијата на СДСМ е победник на изборите, порача Николовски.

Според него, досега има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, а самиот број покажува дека овој голем интерес е поради тоа што СДСМ е фаворит на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.