Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата – а токму слободата е мото на денешниот протест. Ослободување на Македонија и слобода за политичките затвореници осудени на вкупна казна од 211 години затвор.
Протестот е организиран на 4-годишнината од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, од страна на македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија, под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“.
протестот го поддржаа повеќе опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, TMРО, Единствена Македонија, Интегра, Подем. Од протестот до претседателот на Македонија, до Собранието, Владата, до верските заедници во Македонија, до ОН, Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.