Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање во Бтола, за време промоцијата на програмата Обнова со која опозицијата излегува на претстојните парламентарни избори проговори за разочараноста кај народот, притоа посочувајќи дека токму гласот на народот може да ги промени работите.

Знам дека многумина од народот се длабоко разочарани, и имаат причина за тоа, но тоа нема да ги промени работите, ама вашиот став и глас може. Измамите се веќе познати, веќе видени и народот нема да дозволи докажани лекции да се повторат и да троши енергија за нешто што е докажано дека не вреди. Секој еден човек не треба да се плаши да го промени мислењето и да поддржи нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго – рече Мицкоски.

Обновата е и обнова на духот, победа над просечноста и статус кво политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите. Но и обнова на идеалите, додаде тој, човекот верува и сонува, и тоа мора да го вратиме, и да го одржиме пламенот за Македонија.

Европска Македонија е возможна, и ќе се избориме заедно. Не ова што го имаме денес, а тоа е обесправена, Македонија изгубена меѓу патот на криминалот и корупцијата, во чекалницата на ЕУ далеку од можноста за пристоен живот-додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.