Со голема помпа СДСМ ги најавува првите „директни, непосредни, внатрепартиски“ избори на кои сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе избираат претседател на партијата. Според пребројувањето кое заврши неодамна, СДСМ смета дека на изборите ќе излезат речиси 69.000 активни членови кои ќе имаат избор да го дадат гласот за само еден кандидат за претседател на партијата – актуелниот Зоран Заев.
Партиските избори на СДСМ ќе бидат мини парламентарни избори.
Изборите ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 19 часот. Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој се пријавени за гласање 68 999 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и протоколи за заштита на здравјето на сите учесници. Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место.
Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош). Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 20.03.2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.