Еден ден откако се гласаше доверба на Владата, во македонското Собрание повторно нема кворум за работа. Собраниската сала е полупразна, кворум за одлучување немаше, па собранискиот спикер Талат Џафери беше принуден за секој закон да кажува дека нема деловнички услови за негово усвојување, објави „Телма“.
Опозицијата ја обвини власта дека и денеска на работа требало да се појават сите 62 пратеници кои вчера присуствуваа на гласањето доверба на Владата.
ДУИ се правда дека некои пратеници биле отсустни од здраствени причини.
Социјалдемократите пак најавуваат зголемување на парламентарното мнозинство.
Во моментов на усвојување чекаат околу 130 закони, 4 седници се започнати а не се завршени.Не е закажана ниту нова седница.Голем број пратеници доаѓаат во Собранието, земаат дневници и патни трошоци а не присуствуваат на седниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.