Имаме четири години украден живот, украдоа четири добри години од животот на секој еден граѓанин, ги празнат џебовите на народот, но ја крадат и правдата заменувајќи ја со неправда. Четири години хибриден режим на мафијата на власт. Триесетина луѓе високо во власта одлучуваат за судбините на два милиона луѓе. Тесна клика од триесетина силно криминализирани типови ја имаат запоседнато целата држава, но и самата СДСМ, обвини Христијан Мицкоски.
Рашковски кога толку многу го брани Заев не е причината за криминалот, тоа е последицата. А, имињата како Ден Дончев, Вице, Трајче, Ковачевски, Кирацовски, Николовски и другите чувари на криминалот во судството и обвинителството се само слугите на Заев во сомнежите за криминал и украдениот живот. Тоа што се случува во СДСМ е нивна работа. Но тоа што овие неколкумина го прават со државата е наша заедничка обврска да се спротивставиме
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.