Директорот на ФЗОМ Ден Дончев одржа прес-конференција о врска со кривичната пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра. Но наместо да ги даде одговорите кои јавноста ги очекува од него, тој покажуваше слајдови и говореше за тоа колкави приходи остварува Диамед.

На новинарско прашање дали се познава со осомничениот во „Рекет“, Зоки Кичеец, Дончев избегна да одговори и тоа двпати.

А вие, господине, се познавате со Зоран Кичеец? Јас го познавам од телевизија, одговори на првото прашање Дончев.

Јас не знам што е релевантен тој во ова. што сакате да кажете? Ви одговорив на прашањето, следно прашање ве молам, рече Дончев кога друг новинар му го повтори прањето.

На прашање дали е точно дека Дончев заедно со Зоки Кичеец вршел притисок наместо на Диаверум, Диамед да се продаде на албанска компанија, директорот на ФЗО тврди дека во врска со продажбата немал ниту една средба со Диамед.

Тој рече дека имале две средби со претставници на Диаверум, во Влада и во министерство, а освен тоа биле испратени две писма.

Во ситуација кога скандалот во кој е вклучено името на Дончев, во јавноста се нарекува „Рекет 2“, тој не смее да си дозволи да премолчи дали и на кој начин е поврзан со осомничените од „Рекет 1“.

Кога се вжештија прашањата од новинарите, Дончев ја прекина прес-конференијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.