Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен, но дел демонстрантите одбиваа да се повлечат и фрлаа со камења, шишиња и различни предмети кон полицискиот кордон. Засега се знае дека повредени се тројца полициски службеници, а нападната беше и новинарската екипа на МИА.

Полицијата ги растури насилните групи и ги натера да се повлечат кон Бит-пазар. Дел од нив продолжија со инцидентите, па дури и искршија излог гаѓајќи го со стаклени шишња и камења.

(фото: принтскрин Коха)
(фото: принтскрин Коха)

Протестите започнаа од Чаир и требаше да продолжат кон судот и владата, но полицијата ги сопре демонстрантите кај Мавровка поради проценка дека се можни провокации и тие останаа на локацијата кај Бит Пазар. Иако организаторите на протестот со редари и со молење се обидуваа да ги смират демонстрантите, дел од нив во неколку наврати ја нападнаа полицијата.

На почетокот на протестот на браниците на полицијата беа закачени плакати со судијката Кацарска, обвинителите Фетаи, Русковска и Јовески за кои велат се корумпирани.

На друг транспарент, пак, беа наредени македонските политичари, меѓу кои и Бранко Црвенковски.

Демонстрантите вееја албански и американски знамиња, и како и на претходните протести – знаме на „Голема Албанија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.