Партијата Демократски сили на ромите јавно го поддржа независниот претседателски кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова и ги повика гласачите в недела да и ја дадат својата поддршка.
ДСР го повика своето членство, симпатизерите како и граѓаните кои политички не се определени, а се залагаат за почитување на правото и правдата во Македонија и за реализација на уставниот принцип на еднаквост на субјектите пред Уставот и законите, без разлика на која заедница и припаѓаат вера, пол и боја на кожа во недела масовно да гласаат за професорката Гордана Силјановска – Давкова, стои во соопштенито од Демократски сили на ромите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.