Денешните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ се оддржуваат на 237 избирачки места во 80 општини, но наместо да се користат општинските комитети и простории на партијата – СДСМ користи државни ресурси и простории.
Повеќето партиски членови на „Фејсбук“ се пофалија дека „демократски“ гласале на изборите во кои има само еден кандидат – досегашниот претседател на партијата Зоран Заев. На тие фотографии јасно се гледа дека наместо партиските избори да останат во паритијата, се користат Домови на култура и општински згради.
Најскандалозно е што дел од овие избирачки места се наоѓаат и во училиштата.
Ова ли е тоа ја одвоиме државата од партијата? Срамота е за внатрепартиски избори да се користат училишта воопшто, а посебно во време на пандемија! Каде се сега секојдневните врескачи да кажат збор два? pic.twitter.com/QboFY8gICF
— Фануриј (@fanurij) March 21, 2021
Како бе партиски „избори“ правите во училиште?
Има ли некој нормален таму?
Второ не можи да се набават читачи за отисоци за локални избори ама за партиски “избори” сте набавиле лаптопи и читачи за картички???, реагира професорот Самоил Малчески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.