Колективното раководство на Општинската организација на Демократскиот сојуз на Власите за општина Струга ги известува своите членови поддржувачи и симпатизери дека излеговаат од коалицијата со СДСМ за Општина Струга поради, како што потенцираат – арогантниот, препотентниот и циничниот однос кон нив изминативе четири години.
Не сакаме повеќе да сме бројка и декор во таа коалиција!, потенцираат од ДСВМ-Струга.
Најголем доказ за нивната игноранција кон нас е тоа што на листата со кандидати за советници предводена од СДСМ немаат ниту еден преставник од влашката заедница, тоа е голема навреда за нас Власите кои живееме во општина Струга и придонесуваме за развој на општината и тоа во сите сфери. За разлика од нив. На листата на кандидати за советници за Општина Струга на ВМРО ДПМНЕ, ставиле кандидат од нашата, влашка заедница и тоа на високото трето место што е реално добитна позиција и за првпат нашиот ентитет ќе има советник во советот на општината. Ја напуштаме коалицијата со СДСМ на локално ниво бидејќи заслепени од власта нашите коалициски партнери продолжија со арогантноста и цинизмот иако ги изгубија парламентарните избори во нашата општина и не извлекоа поука дека не може без оние кои те донеле на власт. Повторно на листата со кандидати за советници има бајат партиски кадар и тоа на добитно место, истиот оној кој со „метлата“ на претседателот на СДСМ, г-динот Зоран Заев еднаш беше „изметен“. Неговата политичка реинкарнација и ставањето за кандидат во општинскиот совет ја прави таа листа губитничка, за жал. Метлата се знае што мети!, потенцираат од раководство на ДСВМ-Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.