Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искраен.

Ова расправа е “КОНГРЕСНА”, наспроти изборот на лидер на СДСМ и најавениот фракциски “Конгрес”на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради сето ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализацијата, стабилноста на државата и економскиот развој, при што опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.