Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на дело ја покажа „демократичноста“ на неговата власт и начинот на неговото владеење.
Заев, кој често декларативно тврди дека во Македонија има целосна слобода на медиумите, на прес-конференција откако го заврши со своето обраќање, смирено сочека да му постават нарачано прашање, по што продолжи од лист пред него да го чита одговорот на тоа прашање.
Со таквата постапка, Заев јасно покажа дека знаеше дека ќе добие новинарско прашање што ќе му овозможи во одговорот да ја испрати веќе подготвената порака.
Дополнителна потврда дека Заев го очекуваше тоа прашање за коешто имаше подготвен одговор е и тоа што по завршувањето на обраќањето, воопшто не посегна да ги симне очилата за читање, нешто што веднаш го направи откако го прочита одговорот на нарачаното прашање.
Повикувате на обединување, го очекувате, но што доколку го нема? Ќе можете ли да продолжите на патот кон ЕУ, Отворен Балкан и слично, се што ставате на контото на Македонија?, е прашањето што Заев го очекуваше и го доби и на кое си го прочита одговорот од „збор до збор“.
Нарачаното прашање и прочитаниот одговор може да го погледнете во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.