Од порталот „24 инфо“ реагираат на текстот „Фабрика на СДСМ за перење мозоци и местење избори платена 10 милиони евра од буџетот, а вие сликајте фискални“ објавен на „Република“, а е вест преземена од „Вечер.мк“.

Нивниот демант ви го пренесуваме во целост:

На ден 27 јуни 2020 година вашиот информативен портал Република.мк објави статија под наслов „ФАБРИКАТА НА СДСМ ЗА ПЕРЕЊЕ МОЗОЦИ И МЕСТЕЊЕ ИЗБОРИ, платена 10 милиони евра од буџетот, а вие сликајте фискални”, во која статија беа изнесени голем број на лаги, навреди и клеветнички изјави.

Според статијата се наведува дека во .. “Во таа шема на пропагандната Фабрика на СДСМ која се плаќа од буџетот влегуваат и порталот 24инфо.мк на кој има најмногу реклами од државни институции, како и порнографскиот портал Мактел.мк издржуван од олигарсите, тендерашите на СДСМ и десетина други портали кои преку Фондот за иновации, министерствата и олигарсите овозможуваат работа на пропагандната фабрика на СДСМ која нема публика и комерцијални приходи за одржливо работење”.

Порталот 24инфо.мк категорично и целосно ја отфрла содржината на насловот и прилогот како невистинити, односно лажни и тенденциозни наводи, се со цел да се оцрни и доведе во негативна конотација работата на 24 инфо.мк.

Ваквите тврдења не само што не се точни, туку се насочени и кон омаловажување на угледот на порталот 24инфо.мк кој е информативен портал и служи за објективно информирање на сите граѓани а не како што е изнесена клевета дека порталот служи за потребите на политичките партии односно е дел од шема на пропагандата на СДСМ.

Имено, не е точно дека порталот 24инфо.мк е дел од Фабрика на СДСМ за перење мозоци и местење избори и дека порталот се плаќа од буџетот, од причини што во досегашното работење порталот нема примено никакви средства како што наведувате „ шема на пропаганда„. Во ниту еден контекст порталот не смее да се доведе во политичко партиска припадност, а најмалку да биде мета на вакви изнесени лаги и дезинформации.

Истотака не е точно дека порталот 24инфо.мк е против законска регистрација и регулација на информативните поратли, а ова од причини што порталот 24инфо.мк е законски регистрирано друштво запишано во тековна состојба во регистарска влошка при Централниот регистра нa РСМ со датум 31.08.2018 година.

Преку објавување на навредите и клеветите на вашиот портал ги прекрши етичките вредности и професионалните стандарди на чесност, објективност и веродостојност при пренесувањето на информациите. Иако сте биле во можност, статијата сте ја објавиле без претходно да ја потврдите веродостојноста на објавените тврдења ниту пак сте се обратиле до нашето друштво да се произнесеме на Ваши прашања. Ваквата ваша постапка не е во согласност со професионалната новинарска етика и вршење на новинарската професија.

Оттука, во отсуство на потврда на изнесените наводи, вие сте биле должи и сте можеле да знаете дека тие се невистинити, но сепак сте ја објавиле статијата со невистинити факти што се штетни за угледот и честа на информативниот портал 24инфо.мк, со што е сторена навреда и клевета согласно членовите 6 и 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, го поднесуваме ова барање за објавување на демант, извинување и јавно повлекување на статијата во исто време и во ист обем на вашиот информативен електронски портал во рок од 48 часа од денот на доставување на ова писмено барање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.