Уште еден терористи од Кумановската група, која дејствуваше во Диво Насеље на 9 мај 2015 година, упати заканувачко писмо од затвор. Овојпат Дем Шеху му пишува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Отворенот писмо на Шеху го објави порталот на албански јазик Лајм.

Зајачето Мицкоски во изјава за Алсат-М нас од Кумановската група нè нарекол кукавици, бидејќи двајца од нашите другари машки одговорија на провокациите и навредите на терористите на ВМРО!

За да зборуваш за стравот и храброста, треба да ги проучите делата на страшливците и храбрите. Зајачето од ВМРО, страшливец си ти, затоа што си пион на Груевски, кој побегна со опашката меѓу нозете. Страшливци се кукавиците од организацијата ВМРО, кои ги нападнаа пратениците во Pарламентот на 27 април, кои кога беа осудени на 10 години затвор и плачеа како деца во судницата и се до ден денес плачат по затворите. Страшливци се вашите кукавици со сиви и црни униформи камуфлирани со маски кои редовно не малтретираа со врзани раце за време на транспортот до судовите.

Ние ги заробивме вашите полицајци и откако ги врзавме, не ги малтретиравме и ниту ги допревме со рака, бидејќи треба да си како вас кукавиците на ВМРО, страшливци и гнасни за да малтретираш некој кој е со раце врзани зад грб. Овој начин на дејствување ја разликува Кумановската група од страшливците на терористичката организација ВМРО.

Ослободителите од Кумановската групата не ја наведнаа главата ниту во борба ниту во судовите кога ни изрекуваа доживотни казни затвор, туку напротив во духовниот главен град на Албанците во Дарданското Скопје , сите заедно ја пеевме националната химна. И пеевме на Албанија и на нашите херои.

Ослободетелите од Кумановската група не ги засега затворот и не се плашат од смрт, напротив секој ден гордоста ни расте.

Дали знаете зошто ни расте гордоста, затоа што успеавме да ја срушиме антиалбанската империја предводена од терористичката организација ВМРО-ДПМНЕ.

Ослободителите од Кумановската група се бисерте на албанската нација. Кумановската група му служи само за албанската нација и целиот наш живот ќе го посветиме на ослободување на Илирско-Арберско-Албанските земји.

Ослободителите од Кумановската група се гробарите на терористичката организација ВМРО-ДПМНЕ и секогаш ќе бидат против секоја антиалбанска власт.

А ти Мицковски, секогаш ќе останеш “MICKY MAUSЕ” во минијатура.

Бог да ги благослови сите ослободители на УЧК.

Да живее Албанија, која ја сакаме повеќе од нашите животи!

Претходно, од затворите закани упатија и други членови на Кумановската група, а Шеху е втор кој му се обраќа лично на Мицкоски откако тоа го стори Командант Малишева.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.