Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која го одбележува празникот Илинден во Крушево била спречена да положи венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев, а исто така ни ѝ било дозволено да замине кон Слива, соопшти потпретседателот на партија Александар Николоски денеска од Мечкин Камен. Николоски рече дека, спеак, заминале на двете места, но во приватна организација.

Николоски рече дека „очигледно од организирани партиски луѓе“ за првпат била нарушена традицијата опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден, па делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не била удостоена со соодветен пречек.

Илинден е симбол за создавање на македонската држава. Но исто така Илинден е порака дека треба да ја зачуваме Република Македонија, да ја зачуваме во овие денови кога е нападната, кога е обезличена, кога е понижена, кога е економски опустошена. Да ја зачуваме и да ја градиме Македонија, затоа што луѓето кои ги положи животите овде во 1903 година, ги положија за една поубав иднина и за македонската држава, а не за она што го гледаме денес, порача Николсоки.

Тој рече дека е очигледно дека на Заев, на СДСМ и на оваа власт им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што тоа не му смета на македонскиот народ.

Ние сме тука и ќе бидеме секогаш тука за Илинден. Затоа што Илинден е Македонија, истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.