Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, делегација од кабинетот на претседателот на државата, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Делегацијата ја предводеше генералниот секретар Миле Бошњаковски, а дел од неа беа и Билјана Радева, заменик генерален секретар и портпарол и доктор Александар Љ. Спасов, советник за надворешна и внатрешна политика на претседателот.

Од претседателскиот кабинет информираат дека поради пандемијата на ковид-19, посетата на Рим и Ватикан и чествувањето на Св. Кирил и Методиј е поместено за втората половина на 2020 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.