Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал Енцо Вичијарели, престојува во дводневна официјална посета наМакедонија.

Генерал Вичијарели денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на македонската Армија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Вичијарели ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.