Втор ден по ред, граѓани на Делчево реагираат дека поради неспособноста на градоначалникот и комуналното претпријатие, градот е оставен без вода за пиење.
Од вчера, цело Милково Брдо нема вода поради дефект, а граѓаните револтирано реагираат надлежните не успеваат и не се способни да го поправат дефектот повеќе од 24 часа.
Редици граѓани во Делчево со часови чекаат ред на градските фонтани за да наполнат вода за пиење.
За утре изутрина е најавен и голем граѓански протест пред јавното претпријатие, а во текот на утрешниот ден се очекува и оставка на директорот на јавното претпријатие. Градоначалникот на општината, пак, два дена е недостапен на мобилниот телефон и се крие од јавноста како што се криеше летото за време на големи пожари што го зафатија Делчевскиот регион и пошироко.
На ваквото немање вода реагираа голем број граѓани, кои преку социјалните мрежи го искажаа својот револт од неспособноста на надлежните.
Како што велат, доста биле лажни предизборни лаги и ветувања, а сега на дело се видело кој колку вреди и кој колку е способен.
Соочени со недостатокот на вода за пиење, дел од делчевци, пак, се обидуваат да си ја намалат маката со иронични и хумористични коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.