Дел од здравствените работници секој ден повикуваат дека постои деградацијата од страна на министерот за здравство, Венко Филипче. Дел од здравствените работници од Клиниката за неврологија се жалат дека се заборавени од министерот за здравство. Тие веќе шест месеци лекуваат граѓани од ковид-19, но тие воопшто не се наградени од министерот за здравство.

Здравствените работници од Клиниката за неврологија коментираат дека нивните колеги од Инфективна клиника кои се блиски до власта земаат бонуси, а воопшто немаат влезено во ковид-центарот, додека тие секојдневно се соочуваат со пандемијата немаат добиено ниту денар.

Сите наши колеги и доктори земаа наградно 27.900 денари, а воопшто не влегоа во ковид-центарот ,па како може да не деградираат и да не користат како да сме мали деца, директорот за да биде добар колега на шуто и рогато му исплати бонус, а ние мака мачиме со 16.300 денари плата . А, со тие пари треба витамини да си купиме, храна за дежурство, сок, некогаш и скафандери и за што работиме ние? За лепе очи? За Венко да може да се фали во јавност дека се е розово, а вистината е жална. Заштита при работа има 0%,нема скафандери четири месеци, со мантилчиња како гревчиња сме фрлени во КОВИД центарот,срамота и греота, ни одмор, ни бутур, до кога вака ќе се угнетува работникот, раскажува револтиран здравствен работник од Клиниката за неврологија.

За парична помош имаше лавина негативни коментари од здравствени работници, така пишуваше и доктор Добрила Андоновска пред неколку месеци.

Тие што имаа среќа да бидат наградени сепак не ги добија ветените 30.000 денари тука 27.900 денари. А, што добија тие кои се инфицираа со КОВИД-19 на своите работни места или починаа? Тие добија намалена плата поради боледувањето, на некои им’ се наруши трајно здравјето, на некои’ им заболеа семејствата, а некои за жал ја загубија битката со КОВИДОТ и добија – лимен сандак. Вечна им’ слава. Со вакви непромислени одлуки, со дискриминацијата на вработените во здравството, со поделби на „заслужни” и „не-заслужни” само се нарушува тимскиот дух и се намалува ентузијазмот кои се клучни за успех во справувањето со пандемијата со КОВИД – 19, пишува доктор Добрила Андоновска на социјални мрежи на 23.12.2020.

Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во радио „Лидер“ на 23.12.2020 година појасни дека сите категории на здравствени работници се чувствуваат неубаво кога од една страна имате терминологија јунаци, херои, ви благодариме, вие сте многу храбри, господ да ве чува, а од друга страна министерот ги дели здравствените работници, едните ги наградува, а другите ги заборава.

Наградувањето на персоналот тоа првата линија, втората линија итн. можеше да се спомнува во мај месец, април месец кога почна короната, додаде Николов.

Николов појасни дека уште полошо е што наградата е еднократна, не е на месечно ниво, и со самата селекција се создава незадоволство кај здравствениот персонал, а најмногу се забележува кај матичните лекари. Сега во моментов кога матичните лекари им помагаат на своите пациенти, и деноноќно ги контактираат се заборавени од власта. Прва и втора линија на браникот на корона поради власта се избришани.

Наградите кои се како мотивација на персоналот што ги најавуваше министерот за здравство Венко Филипче единствено со ова направи незадоволство кај персоналот, и не се правично распределени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.