Дел од припадниците на армијата, коишто се ангажирани во Кочани за да помогнат во гасењето на пожарот се жалат дека најголем дел од војниците стојат настрана и чекаат инструкции од надлежните.
Велат дека се разочарани поради некоордираноста и реагираат дека е недозволиво да се чека ниту минута за надлежните да се координираат и тие да стапат во акција, објави „ТВ 24“.
Војниците бараат итно да се реагира затоа што се плашат дека ситуацијата може да стане полоша додека чекаат некој да им им каже што да прават.
Дел од нив преземаат и сопствена иницијатива за да се справат со оганот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.