На фејсбук страната на Граѓанското здружение за човекови права „Од нас, за нас“ е објавен дел на родово-сензитивното образование според новата Концепција.
Според новата Концепција за основно образование на МОН, во делот на родово-сензитивното образование се кажува:
„Ваквите содржини се застапени во наставните програми на СИТЕ предмети каде што тоа е можно, а во учебниците и наставните материјали за овие предмети, овие пораки, освен што се пренесуваат преку самите текстови, се поддржуваат и преку ВИЗУЕЛНИОТ материјал и преку различните вежби наменети за критичко преобмислување на поимите“.
_____________________
Сексуално образование – искуството од Србија
Во Србија, во 2016/17 година т.н. „Образовни пакети за учење теми за сексуалното насилство“ во образовно-воспитните институции станале дел од редовниот, постоечки националеn наставен план и програма, за основните и средните училишта.
Во продолжение издвојуваме дел од содржината на овие „образовни пакети“ – „Сè што од секогаш сте сакале да дознаете за сексуалноста, а не сте имале прилика да прашате“ (стр. 345).
Целиот „образовен пакет“ можете да го преземете на следниот линк: http://incesttraumacentar.org.rs/…/MPNTR-ITC_Obrazovni…
П: Кога е време за првото сексуално искуство?
О: Времето за прво сексуално искуство не е дефинирано со наведување на бројот на години на девојчето / момчето. Не може да се каже да има 14, 15, 16 или …. години. Подготвеноста за првото сексуално искуство зависи од физичката и емоционална зрелост, така што нема правило кога е најдобро време за овој чекор, бидејќи не постои единствен и точен одговор. Сепак, треба да се каже дека без разлика на индивидуалните различности, се смета за добро дека првиот сексуален однос треба да се оствари со девојче / момче, личност која ја сакате, кој ве сака и во која имате доверба. Често, ова не е доволно за да се направи овој чекор. Во секој случај, треба да ги оцените сите добри и лоши страни, пред да одлучите да го сторите тоа. Важно е да не донесете избрзана одлука. Затоа, добро проценете дали сте подготвени за овој чекор или не. Треба да биде само ваша одлука и да не ги исполнувате очекувањата на животната средина, т.е. на другарите/другарките или луѓето во твојата околина. Исто така, треба да се биде добро информиран и запознаен со сите можни аспекти, дури и последици од сексуална активност.
П: Што е анален секс?
О: Да се биде заљубен, да бидеш сакан и да водиш љубов е прекрасна работа. На кој начин ќе се оствари сексуалниот однос и ќе се доживее задоволство е прашање на желба, потреба и согласност на лицата кои водат љубов. Аналниот секс е еден вид сексуален однос. Не оптеретувајте се со „техника“. Луѓето кои се сакаат ќе истражуваат што сакаат.
П: Дали мастурбацијата е штетна?
Не. Мастурбацијата е нормална појава и нема никаква врска со постоење на какво било физичко или ментално растројство или болест. Самозадоволувањето или мастурбацијата е сексуална стимулација, најчесто на сопствените гениталии, сè додека не достигнат оргазам. Најчесто се изведува рачно, но и други видови на телесни допирања не се исклучени, ниту пак употребата на предмети. Начините за истражување на своето тело и нивната сексуалност се неисцрпни. Девојки и момчиња мастурбираат за прв пат кога се тинејџерки и тинејџери.
П: „Со кого треба да разговарам за сексот, а да не врескаат и да не помислат дека сум опседнат со сексот?“
О: Секогаш можеш да пронајдеш личност во која имаш доверба и која те почитува тебе и пред која можеш да си дозволиш на свој начин да ги поставуваш прашањата кои те интересираат. Родителите многу често НЕ ги знаат одговорите. Ние веруваме дека во вашата непосредна околина постои личност со која можете да разговарате. Ако не, секогаш има експерти кои знаат за оваа тема. Може да биде психологот во кој имате доверба, вашиот лекар, или гинекологот.
П: Ја бакнав мојата другарка неколку пати, тоа многу ме возбудува, дали сум лезбејка?
О: Следете ги вашите чувства и потреби, не плашете се или срамете се од нив, заљубеноста и љубовта се скапоцени чувства. И кога станува збор за бакнување, сексуалниот идентитет на секој од нас е посложен отколку бакнеж. Не брзајте, не мора сè што е брзо да има име.
П: Млад сум и ми се допаѓа еден другар од одделението.
О: Следете ги вашите чувства и потреби, не плашете се или срамете се од нив, заљубеноста и љубовта се скапоцени чувства. Што ти би му одговорил на ова исто прашање на твојот „стрејт“ пријател кој ти се поверил дека му се допаѓа девојче од одделението? Тоа се истите чувства.
Приложената илустрација, исто така е дел од овој „образовен концепт“.
Според новата Концепција за основно образование на МОН, во делот на родово-сензитивното образование се кажува:…
Posted by Od Nas Za Nas / United We Stand Tall on Thursday, 28 January 2021
Коментарите на оваа објава се во насока дека ова апсолутно не спаѓа во сферата на образованието, истовремено, се кршат права и на децата, и на родителите, и на воспитувачите/ професорите!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.