Владата на денешната седница ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава изнесува се зголеми на 13,8 %, информира министерот за животна средина Насер Нуредини.
Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460,89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата. Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје, вели во соопштението Нуредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.