Додека здравствените власти велат дека сите оние кои се заинтересирани за вакцинирање постари од 40 години добиле термин за првата доза на вакцина против ковид, голем број граѓани се незадоволни, бидејќи не добиле термин иако се пријавиле онлјан во текот на април.
Властите велат дека ќе најдат решение и дека техничките проблеми не треба да ја спречуваат подготвеноста на граѓаните да се вакцинираат.
Не само во Скопје, и во другите градови, луѓето над 40 години не добиле термини за вакцинација. Од Министерството за здравство велат дека тоа ќе се случи во рок од 3 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.