МВР ќе биде првата државна институција во која ќе се спроведе долгоочекуваниот ветинг. Денеска во министерството се одржа средба на работната група која треба да го изготви планот за спроведување на ветингот а на состанокот е одлучено со неа да раководи деканот на Факултетот за безбедност, професорот Никола Дујовски. Дујовски смета дека ќе успеат да ја подготват програмата за спроведување на процесот најдоцна до крајот на идниот месец како што и побара Владата, објави Телма.

Претседателот на работната група најави дека ветингот ќе важи за сите вработени во МВР и идните службеници и ќе се повторува.

Дујовски смета дека внатре во министерството ќе има отпор кон ветингот, но додава дека е убеден деќа процесот ќе биде успешен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.