Една од можните причини за пожарот кој буквално за три минути ја пеплоса модуларната болница е дефиблиратор, пренесува 4NEWS.mk.  Дефиблираторот бил вклучен на продолжен кабел кој бил слаб и не можело да го издржи напонот под кој работи дефиблираторот и количината на струја која ја повелкува при употреба.

Според нивните неофицијални информации, за време на употребата на дефиблираторот за спас на еден од пациентите, кој подоцна почина, дошло до прва експлозија, а подоцна кислородот присутен во просторијата си го направил своето и допринел за ширење на пожарот.

Подоцна, експлодирале и неколку други боци кои се наоѓале внатре во модуларната болница.

Повеќе на 4NEWS.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.