Новата учебна година донесе грижи за децата со посебни потреби и за нивните родители, бидејќи голем број деца останаа без образовни асистенти, а без нив не можат да ја следат наставата, пишува „Слободен печат“.
Моето дете, кое има аутистичен синдром, нема асистент, зашто неговиот го доделија на друго дете. Мојот син доживеа емотивен шок поради разделбата со асистентот. Со месеци се чека за детето да биде повикано на проценка. Ние чекаме од февруари, некои деца и подолго. Така е зашто комисијата за проценка на здравствената состојба на децата не си ја работи својата работа. Сметам дека ниту еден асистент не треба да потпишува договор за работа пократок од пет години – вели Елена Јакимовска-Павлеска за Слободен печат.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.