Нема пари за инклузивно образование. Децата со попреченост се оставени без образовни асистенти, но има пари за службени возила, за што Владата потрошила цели осум милиони евра. Превозот со службени возила е потребен, но не е неопходен. Но, образованието е неопходно, така што со овие пари, на пример, би можело сите основни училишта да се трансформираат и за учениците со попреченост да стигнат до редовниот образовен процес. Инклузија значи вклучување на сите деца во редовна настава, преку пристапни училишта, приспособени учебници и технологија, како и образовни асистенти за оние што имаат потреба.

Со ребалансот на Буџетот, направен во мај годинава, поради економската криза која ја предизвики пандемијата со корона висусот, власта скрати пари наменети за најранливите категории. Односно, скратени беа над милион и 100 илјади евра, пари кои беа наменети за обезбедување образовни асистени за лицата со попреченост, со што тие ќе беа во можност, непречено, да се вклучат во образовниот процес.

Според информациите од Министерството за образоваие и наука, објаени од магазинот „360 степени“ , од милион и двесте илјади евра предвидени за образовни асистенти во тековната година, по ребаланс на Буџетот останаа само 63.000 евра.

Други планови за инклузија на лицата со попреченост во образовниот процес нема во буџетот за годинава, а на ниво на целата држава, настава следат вкупно 273 такви ученици.

Значи, на самиот почеток на учебната година, нема да има пари за образовни асистени за учениците со посебни потреби кои, согласно Законот за основно образование, треба да им ги обезбеди Министерството за образование.

Пред некој ден, со реакција во медиумите, се јави мајка на дете со аутизам, кој од октомври треба да оди во прво одделение, но поради немањето на асистени, стравува дека неговото дете ќе има застој во образовниот процес.

Мајката на осумгодишниот Огнен од Скопје, која сама се грижи за него, за ТВ21 вели дека државата воопшто не се грижи за децата со посебни потреби.

Можеби моето дете ќе добие асистент оваа година, ама можеби уште десет деца ќе останат без асистенти затоа што МОН нема програма за работа за аутистичните деца, ниту онлајн програма, ниту работа во училиштата. Немаат сите родители финансии да им обезебедат на децата личен асистент приватно. Јас како самохран родител, мајка на две деца од кои едното е со аутитстичен синдром, ме прашува ли мене некој дали можам да опстанам со неговите 7500 денари кои ми ги дава државата, вели мајката на малиот Огнен.

И, додека власта троши осум милиони евра за купување нови службени возила, образовните асистенти за лицата со посебни потребни во Македонија, се ангажирани хонорарно за месечен надомест од само 7.500 денари. Нешто што предизвикува револт и незаинтересираност и од страна на асистентите за да се пријават на огласите кои надлежните институции ги објавуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.