Се полнат последните кревети со ковид позитивни деца во болницата во Козле. Во моментот хоспитализирани се 40 пациенти, а секој ден амбулантски се третираат 50-тина дечиња со полесна клиничка слика. Лекарите од Институтот велат, за разлика од есенскиот бран кога децата позитивни на вирусот имале полесни симптоми, овој период повеќето кои се на болничко лекување се со пнеумонии и со потешки бронхоопструкции, пренесе Сител.
-Тие деца ги хоспитализираме кај нас во Институтот, значи децата со потешка клиничка слика која се манифестира со фебрилност, интензивна кашлица, глад за воздух, пад на сатурација и кај нив е неопходна хоспитализација, изјави д-р Мирјана Поповска, специјалист-педијатар во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.
На болничко лекување во Институтот во Козле има и новороденчиња, но доминираат децата на школска возраст од цела Македонија.
Доктор Поповска вели дека карактеристично е што сите членови на нивните семејства овој период биле позитивни на Ковид. Деновиве во болницата често помош поради потешка клиничка слика барале и деца кои веќе биле во контакт со вирусот кој им предизвикал постковид мултисистемски инфламаторен синдром.
– Тоа значи дека кај овие деца има зафакање на најмалку 2 органски системи, може да биде срце, бубрег, респираторен систем, и тие деца навремено ги препознаваме и успешно ги лекуваме, додаде д-р Поповска.
Според статистиката на ИЈЗ со Ковид досега регистрирани се 2254 деца до 9-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.