Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција најави дека Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести денеска до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне веднаш истиот ден или најдоцна во вторник. Констатирано дека голем дел од граѓаните или не користат заштитна опрема или неправилно ја користат.

Надлежните апелираат дека оваа мерка мора да се почитува и потсетуваат дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано – на затворено и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од два метри.

Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските. Децата над 14 години треба да се придржуваат кон мерките исто како и возрасните. А најмалите во затворени простории некаква форма на прекривка, исто така и кога е навистина голема група надвор во која не може да се одржи дистанцата. Сметам дека апсолутно со оваа мерка сите треба да бидат заштитени, рече Филипче.

Филипче појасни дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака. Има и граѓани кои, како што рече, ја почитуваат оваа мерка свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот.

Министерот за здравство уверува дека ако доследно ја почитуваме оваа мерка, како и сите претходно за кои има оправданост, ќе се заштитиме и себе си и нашите семејства и сограѓаните, ќе превенираме раст на број на заболени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.