Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека битно е што ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука и добар план направиле.

Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме да и тука интервенираме во дел на тоа како се организира наставата, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.