Советот на Општина Дебар на седница со која раководеше претседателот Фуат Спахиу, едногласно го усвои Предлог-буџетот на општината за 2022 година.

Буџетот тежи 351 милиони и 121 илјади денари, што е за околу 10 милиони понизок споредно со проектираниот буџет за оваа година.

Во делот на приходите кај ставката основен буџет планирани се 123,7 милиони денари, дотации околу 201,9 милиони, даночни приходи 78,2 како и неданочни приходи 16,4, трансфери 27, капитални приходи 12, приходи од донации 15 милиони денари. Кога станува збор за расходите тие се планирани на 350 милиони и 721 илјади денари – изјави Ќазим Ќормемети, раководител на секторот за финансии.

Тој посочи дека расходите се насочени за плати и други потреби на администрацијата, образовните институции, територијалната противпожарна единица, додека кај ставката резерва одвоени се 400 илјади денари.

На забелешките на дел од советниците за недоволните износи, според нив, за одделени области, пред сè за одржување на комуналната хигиена, Ќормемети, посака да се реализира проектираниот буџет, зашто, како што наведе, години на ред се остварува во просек од 65 до 70 отсто.

Во однос на капиталните проекти, градоначалникот Хекуран Дука, изјави дека секогаш се предводат на она што е најприоритно за општината и нејзините жители, при тоа наведувајќи неколку проекти кои се однесуваат на подобрување на водоснабдувањето на градот, одржување на комуналната хигена вклучително и подигање на отпад во селските населби, за што ќе биде набавено ново соодветно возило, како и други инфраструктурни проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.