Заеднички именител на акцијата на заплена со дрога која ја спроведе ДЕА и аферата со лажните пасоши е полицијата и тоа го тврди не било кој туку обвинителството, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Засспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, додавајќи дека полицијата е под истрага на обвинителството, а ДЕА инсистира да се фатат луѓето од МВР кои се одговори, а кои СДСМ ги знае.
Обвинителството спроведува истрага внатре во полицијата за оддавање тајни со нарко дилерите. Обвинителството кажа дека има истрага оти полицијата им ја пробила истрагата. Во полицијата има одговорни. Полицијата е под истрага од обвинителството. ДЕА не работи од вчера и инсистира да се фатат овие луѓе кои СДСМ добро ги знае. Полн е Фејсбук слики со нарко дилери на функционери од СДСМ, вели Латас.
Во однос на аферата со лажни пасоши тој истакна дека таа не е од вчера и за тоа е пример Чауш, кој се сликаше и соработуваше со СДСМ уште додека беа во опозиција и кој има свои канали каде ги продава лажните документи.
Тој уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше фатен како соработник на СДСМ како печати лажни изводи, лажни имотни листови, го осудија на 2-2,5 години затвор. Човекот излезе од затвор и се сликаше во просториите на СДСМ, потенцираше Латас.
Тој посочи дека не може лидерот на опозицијата Мицкоски да ја пробил акцијата на МВР бидејќи на српски телевизии и портали од 2017 и 2018 се зборува за македонски пасоши, а имаше и фатени криминалци.
Во 2017 е издаден првиот од овие пасоши на Црногоците откако е СДСМ дојден на власт, а до денеска се издадени наводно 215. Црногорците ги фаќаат во 2018 има пресуда, а тука оставени 3 години да штампаат пасоши. Знаеш дека е така и полицијата тврди дека знаела, дека водела истрага 2 години. Тоа тече, добива Мицкоски информација и ја објави пред новинари на брифинг, и излегоа од МВР и викаат дека им ја пробил акцијата. Прво има вести на српски медиуми, а има и случај во Украина за престрелка кој го објави цела Европа и тој сликан со македонски пасош и тоа е старо година и пол. Што значи не ти ја пробил Мицкоски акцијата, туку таа е пробиена 3 години, истакна Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.