Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за претседател на државата на последните претседателски избори, Гордана Силјановска Давкова вели дека Македонија ќе стане членка на Европската унија за време на претседателството на Турција.

Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ за време на претседателството на Црна Гора. Македонија ќе стане членка на ЕУ за време на претседателството на Турција, пишува Силјановска – Давкова на социјалната мрежа Фејсбук.

Професорката и пратеничка не објаснува ништо повеќе во овој статус, освен што пред текстот пишува дека дознава „од сигурни извори“.

Овој статус на Дафкова е иронија, а на крајот додава дека премиерот Заев и заевистите како што таа ги нарекува, заедно со интелектуалци, политички аналитичари и новинари во октомври минатата година убедиле дека сме добиле датум.

За потсетување, Турција е службен кандидат за членство во ЕУ.

Европските амбиции на Турција датираат од Договорите од Анкара од 1963. Откако добила статус на кандидат за членство, Турција го подобрила почитувањето на човековите права, ја укинала смртната казна, му дала културни права на своето големо курдско малцинство и презела позитивни чекори да го реши кипарското прашање. Сепак, поради својата верска и културна различност, Турција се соочува со силно противење од страна на конзервативните влади, во прв ред на Франција, Австрија, Кипар и Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.